Неделата која следи ќе биде вистински празник за сите љубители на фудбалот во ист ден не чекаат неколку супер интересни натпревари.
Серијата дерби натпревари започнува од 16:15 и тоа со „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Без разлика што сега ги нема Меси, Рамос и Роналдо секако ова е еден од најголемите натпревари во светот. Според актуелната форма можеби Реал Мадрид е благ фаворит, меѓутоа многу пати сме биле сведоци дека во вакви мечеви формата не игра секогаш улога.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Потоа од 17:30 во англиската Премиер лигата започнува средбата помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед. За ривалството помеѓу двата англиски не треба да се трошат премногу зборови, а сега сетоа тоа ќе биде зачинето со приствувото на Кристано Роналдо.




Само половина час подоцна во Италија стартува интересниот дуел помеѓу Рома и Наполи. Рома во овој натпревар влегува после срамниот пораз од Бото Глимт во Конференциската Лига (6:1). Од друга страна Наполи има супер серија во Италија и перфектен старт со „осум од осум“.




Вечерниот термин после оваа средба е резервиран за Дербито на Италија помеѓу лутите ривали Интер и Јувентус. Интер е на третата позиција на табелата со учинок од пет победи, две нерешени и еден пораз. Јувентус е седми, но во последните осум натпревари во сите натпревари има седум победи и изгледа тимот на Масимилијано Алегри влегува во посакуваната форма токму за ова супер дерби.




Дерби во 20:45 часот ќе се игра и во Франција каде што ќе се сретнат тимовите на Марсеј и ПСЖ.
Дефинитивно ова е најлудиот фудбалски ден досега за оваа сезона.