Дома Македонски спорт Димитар Ѓорѓиев по четврти пат светски шампион во кик-бокс!

Димитар Ѓорѓиев по четврти пат светски шампион во кик-бокс!

Македонија по четврти пат благодарение на Димитар Ѓорѓиев ќе има светски шампион во кик-бокс. Денес нашиот најдобар кикбоксер стигна до златото на Светското првенство во италијанскиот град Језоло.

Ѓорѓиев се натпреваруваше во категоријата лоу-кик, до 81 килограми и ја потврди доминацијата. Во финалето беше супериорен против Босанецот Никола Дробњак кого го победи со 3:0. Претходно со истиот резултат славеше против Дано од Италија, Даковиќ од Србија и Николов од Бугарија.

За Ѓорѓиев ова е четврта светска титула, зад себе има и европско злато во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Со 71 каратист во Истанбул: Македонија пред нов балкански медалски предизвик

Македонската карате-репрезентација денеска заминува за Истанбул, каде од 6 до 8 ноември ќе…