Во изминатата ноќ беа одиграни три натпревари во НБА лигата.
На стартот од новата НБА сезона јасно е дека ќе има разни изненадувања затоа што тимовите уште се „бараат“. Актуелните шампиони Милвоки Бакс сега беа поразени од Мајами Хит со 137:95.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Мајами после првата четвртина имаше огромни 40:17, а подоцна предноста само се зголемуваше и на крајот забележаа и победа. Тајлер Херо уфрли 27 поени, Џими Батлер 21, Бем Адебајо 20 поени и 13 скокови. Најефикасен кај Бакси беше Антетокумпо со 15 поени и 10 скока.
Лука Дончиќ и друштвото во својот прв натпревар гостуваа во Атланта и убедливо беа поразени со 113:87. Камерон Редиш со 20 поени и Трае Јанг со 19 поени и 14 асистенции беа најрасположени. Во редовите на Маверикси Дончиќ уфрли 18 поени и додаде уште 11 скокови и седум асистенции.
Во последниот натпревар во вечерта Голден Стејт со 115:113 славеа против Лос Анџелес Клиперси. Фантастичен меч одигра Стеф Кари кој постигна 45 поени и додаде 10 скока. Кај гостите Пол Џорџ уфрли 29 поени и 11 скокови.