Дома Фудбал Останато Мурињо и Рома понижени: Бодо Глимит ги победи со 6:1! 🎥

Мурињо и Рома понижени: Бодо Глимит ги победи со 6:1! 🎥

Eкипата на Рома вечерва доживеа вистински дебакл во Конференциската лига на гостувањето кај Бодо Глимит каде што беше поразена со неверојатни 6:1.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тимот на Жозе Мурињо беше целосно разбиен иако како голем фаворит влезе во мечот. Дека Рома нема добро да помине беше најавено после 20 минути игра кога домаќините преку Ботием и Берг водеа со 2:0. Перез во 28. минута намали на 2:1. Во тие моменти изгледаше дека Мурињо ќе ги врати работите како што многумина очекуваат, но не се случи тоа.

Ботием во 52. минута зголемува на 3:1, а потоа погодува Солбакен, Пелегрино и уште еднаш Ботием за неверојатни 6:1.

Дефинитивно ова е едно од најголемите понижувања во кариерата на Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите на Арсенал ги чекаат големи бонуси ако освојат двојна круна. Еве колку ќе заработат

Тимот на тренерот Микел Артета е во самиот финиш на сезоната и се бори за двојна титула &#…