Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека неговиот клуб има добра шанса да го доведе српскиот фудбалер, Немања Матиќ.
Матиќ сака да се пресели од Челзи во Манчестер Јунајтед и повторно да се соработува со португалскиот стратег.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Чекаме вести. Немања многу сака да се пресели во Манчестер Јунајтед и мислам дека имаме добра шанса. Бројот 31 е слободен. Не знам дали ќе ги направи прегледите, не бев таму. Но, знам дека тој број е слободен, Швајнштајгер си замина. Дресот е слободен, имаме неколку слободни, а 31 е еден од нив“, изјави Мурињо.
Португалецот сака да почека за официјална потврда на трансферот.
„Во фудбалот сепак ништо не е готово се додека не биде официјално. Бев сведок на толку чудни ситуации, се сум видел“, изјави Мурињо.
Официјалната потврда на трансферот се очекува во следниве денови, кога Матиќ би требало да ги заврши прегледите и да се пресели во Јунајтед за 50 милиони евра.