Во натпреварот од 3. коло во квалификациите за СП македонската женска фудбалска репрезентација ја победи Летонија во Рига со убедливи 1:4.
Избраничките на Кирил Изов одиграа одличен натпревар и заслужено ги освоија три бода. Резултатот го отвори Рочи во 9. минута, а после половина час игра Наташа Андонова се погрижи за 2:0. Набрзо по голот на Андонова Летонија намали на 1:2 сепак, тоа не донесе проблеми во нашите редови, девојките продолжија во ист ритам.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веднаш на почетокот на првото полувреме Максути се запиша во листата на стрелци за 3:1, конечните 4:1 ги постави Андонова во 63. минута од пенал.
За нашата репрезентација ова беше прва победа после двата порази, Летонија има три порази.