Дома Македонски спорт Мак фудбал Бурхан Мустафа: Го респектираме Пелистер, ова се натпревари без можност за поправен

Бурхан Мустафа: Го респектираме Пелистер, ова се натпревари без можност за поправен

Работнички денеска (14 часот) гостува „под Тумбе кафе“ и ќе ги одмери силите со Пелистер во осминафиналето на Купот на Македонија. Голманот Бурхан Мустафа верува дека тимот ќе се прикаже добро издание и дека ќе успее да избори пласман во следната рунда од најмасовното фудбалско натпреварување.

„Го респектираме Пелистер, тоа е квалитетен тим и моментната ситуација на табелата не го отсликува реално нивниот капацитет. Ние се надеваме дека ќе одиграме добар натпревар и посакуваме пласман во следната рунда од Купот на Македонија. Ова се специфични натпревари, нема можност за поправен и затоа мора да бидеме максимално внимателни и грешките да ги сведеме на минимум“, вели Бурхан Мустафа.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Натпреварот меѓу Пелистер и Работнички  ќе се одигра на стадионот „Тумбе кафе“ во Битола, со почеток во 14 часот, а ќе го суди Фуркан Идризи од Куманово.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Бабунски уште неседнат, си замина од Беса

Бобан Бабунски пред само три недели седна на кормилото на Беса, а денес си замина од тимот…