Дома Фудбал Лига на шампиони Mбапе: Тој е Лео Меси, најдобриот во светот и нормално дека ќе му препуштам пенал

Mбапе: Тој е Лео Меси, најдобриот во светот и нормално дека ќе му препуштам пенал

Меси вчера постигна два гола за голем пресврт и победа на ПСЖ против Лајпциг (3:2) во третото коло од Лигата на шампионите.

Важна улога во победата одигра и Килијан Мбапе. Французинот го постигна голот за водство од 1:0, потоа во 67. минута му асистираше на Меси, за седум минути подоцна да се избори за пенал кој Меси го претвори во гол.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Пеналот требаше да го изведе Мбапе, но тој го препушти на Аргентинецот.

„Тоа е нормално и е работа на почит. Тој е Лео Меси, најдобриот во светот, нормално дека ќе му препуштам пенал! Привилегија е што дојде кај нас и веќе го кажав тоа неколку пати“, изјави Мбапе.

Во самиот финиш ПСЖ доби уште еден пенал, а тогаш одговорноста ја презема Мбапе, иако Меси можеше да дојде до хет-трик.

„Меси ми кажа јас да преземам. И тоа го направив затоа што се беше решено. Првиот кој беше важен мораше Лео да го изведе“, истакна францускиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Александер-Арнолд го напушти теренот само по три минути игра – колку долго ќе отсуствува?

ТРЕНТ АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (26) мораше да излезе од игра по неполни три минути на натпреварот…