Дома Топ вести Еуфорија на Камп Ноу, новата „десетка“ става потпис до 2026 година

Еуфорија на Камп Ноу, новата „десетка“ става потпис до 2026 година

Барселона во наредните денови ќе го официјализира новиот договор на Ансу Фати, тврдат каталонските медиуми.

Како што потврдија денес повеќе извори директорот на Барселона отпатувал во Португалија на завршни преговори со агентот Жорге Мендеш.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ансу Фати има договор до 2022 година и Барселона има опција за продолжување до 2024 година, но веќе подолго време беше во преговори за нов договор.

Според извештаите новата „десетка“ на Барселона ги одбил сите останати понуди и ќе стави потпис на нов договор до 2026 година.

Финансиските детали не се познати, но 18-годишниот талент ќе добие значително зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…