Дома Фудбал Останато Лукас Хернандез најдоцна до 28. октомври мора да се појави во шпанскиот затвор

Лукас Хернандез најдоцна до 28. октомври мора да се појави во шпанскиот затвор

Фудбалерот на Баерн, Лукас Хернандез неодамна беше осуден на една година затворска казна поради кршење на забрана за доближување.

Лукас и неговата сопруга имале жестока расправија во февруари 2017 година, а судот поради тоа го осудил Хернандез на 31 ден друштвена корисна работа и му забранил да се доближува до неговата сопруга шест месеци.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меѓутоа овој пар бил повторно заедно. Неодамна се венчаа и поминаа меден месец во Мајами. После враќањето Лукас бил приведен на аеродромот во Мадрид и кратко бил зад решетки, додека Амелија не била уапсена.

Судот во Шпанија донесе одлука дека Хернандез мора во затвор. Фудбалерот денес доброволно се појавил во судот иако сослушувањето било закажано за утре. Тој пристигнал порано за да приложи жалба на одлуката на судот. Сепак, избрал затвор во кој ќе ја отслужи казната ако жалбата биде одбиена. Како и да е судот засега потврди дека тој мора најдоцна до 28. Октомври да се појави во шпанскиот затвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…