Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски на убав начин го прослави новиот договор со 2024 гбодина и јубилејниот 200-ти натпревар за АЕК Ларнака.
Тричковски до бројката од 200 натпревари стигна откако во јануари се врати на Кипар. Претходно прво играше за Енозис, па со АПОЕЛ испишуваше историја во клубот стигнувајќи до четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тука сум шест години и дојдов со 200 натпревари што е навистина посебно. Го продолжив договорот со АЕК кој ми даде толку многу, а јас се обидувам да му возвратам. Сезонава ја почнавме одлично, резултатот е подарок за сите. Титула секако недосига и ќе дадам се од себе за да стигнам до такво нешто. Ова е мојот втор дом и навистина го ценам“, изјави Тричковски.