Кон крајот на наредниот месец ќе се одржи церемонијата за доделување на Златната топка за најдобар играч за 2021 година.
„Франс Фудбал“ пред неколку дена ја објави листата од 30 кандидати кои ќе се борат за најдобар играч во светот, фаворитите веќе се познати. Како и обично тука се, Роналдо и Меси, а сезонава конкуренцијата е голема од Карим Бензема, Роберт Левандовски и Жоргињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сер Алекс Фергусон не крие дека негов фаворит е Ронадло.
„Кристиано заслужува да ја освои оваа година Златната топка. Игра фантастично и ги руши сите можно рекорди. Веќе долго време е на неверојатно ниво и не се откажува. Се надевам дека ќе биде награден за тоа“, изјави Фергусон.
Церемонијата за доделувањето на Златната топка ќе се одржи на 29. ноември. Минатата година ќе потсетиме оваа награда не се додели поради пандемијата од коронавирусот, а последниот победник беше Лионел Меси во 2019 година.