Дома Фудбал Италија Конечно добра вест за Пиоли, Ибра се враќа

Конечно добра вест за Пиоли, Ибра се враќа

Милан има големи проблеми со повредени фудбалери, но конечно стигна и добра вест за тренерот Пиоли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Златан Ибрахимовиќ денес го одработи целиот тренинг со соиграчите и ќе биде спремен да се врати на терените.

Оливие Жиру исто така го надмина проблемот со повредата и веќе два дена тренира со тимот, па двајцата ќе бидат спремни за дуелот со Верона во сабота.

Голманот Мањан вчера се оперираше и ќе отсуствува 10 недели од терените, додека Тео Хернандес е позитивен на Ковид и моментално е во карантин.

Калабрија и Круниќ исто така се вратија на тренинзите и ќе бидат повикани за дуелот со Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо воведува строга дисциплина во Реал Мадрид: Ова се трите нови правила

По доаѓањето во Реал Мадрид, Жозе Мурињо ја анализираше ситуацијата и веднаш спроведе пром…