Дома Фудбал Англија Ако Њукасл го отпушти Стив Брус ќе треба да му плати осум милиони фунти

Ако Њукасл го отпушти Стив Брус ќе треба да му плати осум милиони фунти

Саудискиот принц Мохамед Бин Салман заедно со Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија реши да го купи клубот од „Сент Џејмс Парк“, кој сега стана најбогат тим во светот.

Во следниот период се очекуваат голем број промени, а уште во јануари треба да се случат дел од нив. Навивачите сакаат големи засилувања, но јасно е дека тимот од темел ќе го менуваат на лето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Навивачите на Њукасл се воодушевени што богатите газди веруваат дека тимот ќе напредува во Премиерлигата, но и во европските натпреварувања. Останува да видиме колку време ќе добие Стив Брус, затоа што е блиску до отказ, но тој нема воопшто да се буни поради тоа бидејќи ќе добие голема отштета.

Англиските медиуми пишуваат дека Брус во таков случај ќе добие дури осум милиони фунти ако му биде прекинат договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…