Дома Фудбал Ла Лига потврди: Одложен натпреварот Реал Мадрид – Атлетик Билбао

Ла Лига потврди: Одложен натпреварот Реал Мадрид – Атлетик Билбао

После репрезентативната пауза, наредниот викенд се враќа клупскиот фудбал, но натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао нема да се игра според планираното.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Деветото коло од Ла Лига почнува во сабота на 16. октомври, а само еден ден порано на програмата се натпревари од јужноамериканските квалификации за Светското првенство. Со оглед дека кај Реал нема да може да играат во таков случај Милитао, Валверде или Винисиус кои се со своите селекции Реал побара да се одложи овој натпревар. Ла Лига тој предлог го прифати.

Така натпреварот кој требаше да се игра на „Бернабеу“ ќе биде одигран на друг датум, засега нема инфгормација кога. Сега следен натпревар на Реал ќе биде на 19. октомври против Шахтјор во Лигата на шампионите. Тоа ќе биде нивниот последен натпревар пред првото „Ел Класико“ во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ал Хилал штотуку за 80 милиони евра го заврши најшокатниот трансфер на летото!

Според ексклузивните информации на угледниот новинар Дејвид Орнстин, Ал Хилал постигнал до…