Дома Македонски спорт Македонија до 17: Без голови против Полска во првото коло од квалификацискиот турнир

Македонија до 17: Без голови против Полска во првото коло од квалификацискиот турнир

Репрезентацијата на Македонија до 17 години одигра нерешено без голови против соодветната селекција на Полска во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза што се игра во Рапублика Ирска.

Македонија може да жали за пропуштените шанси на овој натпревар. Во првото полувреме најдобрата прилика ја имавме пред самиот крај кога Назифи одлично шутираше, но противничкиот голман интервенираше извонредно, и успеа да го сочува својот гол. Во продолжението од акцијата не беше досуден чист пенал за нашата селекција.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во вториот дел уште две добри прилики не беа искористени од наша страна. Одличен удар имаше Таири во 72. минута од средбата. Минута подоцна Назифи повторно се закани по голот на противникот, но немаше среќа да погоди.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски на 10 октомври играат против домаќинот, селекцијата на Република Ирска

Квалификациски турнир:

Македонија 17 – Полска 17  0:0 (0:0)

Македонија: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓорѓиевски, Адриан Зенделовски, Кире Стојанов, Мухамед Елмас, Зани Назифи, Леин Таири;

Резерви: Самоил Талевски, Симеон Здравковски, Анес Мелиќи, Хадис Таири, Стефан Тодоровски, Амир Нухија, Азис Јамини, Никола Манојлов, Умерфарук Сулејман;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гвардиола за Родри: Колку прстени освоија Булси без Мајкл Џордан?

Ѕвездата на Манчестер Сити, Родри стана првиот играч од средниот ред по Лука Модриќ кој ја…