Дома Фудбал Италија Пирло добива нова шанса како тренер во Италија?

Пирло добива нова шанса како тренер во Италија?

Андреа Пирло не се прослави како тренер на Јувентус, сепак наскоро би можел да добие нов ангажман.

Пирло се споменуваше помеѓу кандидатите за можен наследник на Куман ако ја напушти Барселона, но Холанѓанецот иако навивачите се незадоволни сеуште е тренер на Каталонците. Денес италијанските медиуми пишуваат дека Пирло може да добие шанса од Парма.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Парма лошо стартуваше во Серија Б и има само две победи, тимот се наоѓа на 12. позиција што секако е далеку од амбициите. Цената на лошите резултати би можел да ја плати тренерот Енцо Мареска. Ќе потсетиме во Парма од ова лето е Буфон.

Покрај Пирло со Парма италијанските медиуми ги поврзуваа Џенаро Гатузо и Фабио Канаваро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…