Македонскиот селектор до 21 година Драган Кантларовски ги започна подготовките за квалификациските натпревари кои ќе се играат месецов за пласман на ЕП 2023.




Првиот натпревар младинците го играат против Фарски Острови на 7. октомври, а потоа не чека натпревар со Ерменија. Двата натпревари ги играме на гостински терен. Поради ковид протоколите Цапар не може да смета на Метју Божиновски и Стефан Чолаковски кои не можеа да допатуваат од Австралија. Поради повреда отпаднаа и Агон Елези и Енис Фазлагиќ.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Токму поради таквата ситуација дополнително во репрезентацијата се повикани Иван Николов од Вардар и Димитар Тодоровски од Работнички.




Во првите два натпревари ќе потсетиме одигравме реми без голови со Србија и изгубивме 0:3 од Франција.



