Мавис Алварез со нејзината исповед за времето минато со Диего Армандо Марадона привлече големо внимание на светската јавност.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алварез гостуваше во „Америка ТВ“ и проговори за нешта за кои молчела веќе 20 години, а кои се однесуваат на времето минато со поранешниот фудбалер.




„Жал ми е за себе кога знам дека на 16 години учествував во такви работи. Но, тоа е уште едно искуство во животот. Кокаин почнав да користам на 16 години, иако Марадона прво ми забрануваше, а потоа почна да инсистира на тоа. Меѓутоа, јас дрогата ја оставив и пред да се разделам со Марадона“.




„Исто така, тој ме тераше да ги зголемам и градите. „Неговата желба беше да направам операција во куќа на Куба во која живеевме, а јас одбив од страв дека нема добри услови. Потоа реши да ме однесе во Буенос Аирес. Операцијата на моите гради беше многу тешка“, открива Алварез.