Оливие Њокас одигра фантастичен натпревар за Вардар во големата победа над европскиот вицешампион Алборг. Оливие постигна седум гола, а посебно импресивен беше во второто полувреме кога шест пати ја тресеше мрежата на данскиот тим.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговиот брат близнак Кевин блескаше против Мешков со десет гола, а против Алборг Оливие ја презема главната улога, тука беше и нивниот сонародник Жереми Тото. Секако големи заслуги за победата имаше и Борко Ристовски кој собра 16 одбрани, а ја имаше и втората најдобра во колата.




Њокас доби место идеалниот тим на позицијата лев бек.




ТИМ НА ТРЕТОТО КОЛО ВО ЛШ
ГОЛМАН – Родриго Коралес (Веспрем)
ЛЕВО КРИЛО – Хуго Дескат (Монпелје)
ЛЕВ БЕК – Оливие Њокас (ВАРДАР)
СРЕДЕН БЕК – Килијан Вилјемино (Монпелје)
ДЕСЕН БЕК – Иманол Гарсиандиа (ПИК Сегед)
ДЕСНО КРИЛО – Гаспер Маргуч (Веспрем)
ПИКЕР – Виктор Итуриза (Порто)