Македонската репрезентација до 21 година на 7. октомври против Фарски Острови во Клаксвик и на 12. октомври против Ерманија во Ереван ги продолжува квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство 2023 година.
Селекторот на младата репрезентација, Драги Канатларовски за двете гостински пресметки ќе смета на следните фудбалери:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“За овие два квалификациски натпревари едноставно сме принудени да правиме промени во тимот. Се соочуваме со проблеми бидејќи отсуствуваат неколкумина стандардни фудбалери. Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради задолжителниот карантин во Австралија не се во можност да патуваат. Агон Елези поради повреда на коленото ќе биде надвор од тренажен процес во периодот што следува, а исто така поради повреда неизвесен е настапот, посебно за првиот натпревар на Енис Фазлагиќ“.
“Отсуството на четворица стандардни првотимци реално е проблем за нас, но мораме да се соочиме со ситуацијата. Одиме на победа на двата натпревари. Извлековме многу позитивни работи од дуелите со фаворитите во групата, Франција и Србија и се надевам дека резултатски ќе минеме многу подобро на октомвриските мечеви. Фарски Oстрови со нерешениот резултат против Франција потврди дека е сериозна селекција, играат тимски, со многу борба и трчање во текот на сите 90. минути, но верувам дека ние ќе бидеме на максимално ниво и од нас ќе зависи победата на мечот“.
Македонија до 21 година на воведните два натпревари од тековните квалификации освои бод против Србија на домашен терен, а загуби од фаворитот во групата Франција на отворањето од циклусот квалификации за ЕП 2023.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 3. октомври во хотел „Александар Палас“ во Скопје.