Дома Фудбал Kиелини: Можеби ќе играм и на Светското првенство 2022

Kиелини: Можеби ќе играм и на Светското првенство 2022

Стоперот на Јувентус, Џорџо Киелини беше еден од поважните фудбалери на Италија во освојувањето на Европското првенство оваа година.

Сепак, Киелини годините го стигнуваат, па не е јасно дали ќе може да настапи на Мундијалот во Катар наредната година. Иако наполни 37 години, тој не ја отфрла можност за настап на овој Мундијал.

„Ако бидам во форма и имам континуитет, можеби ќе настапам на Светското првенство. Но, треба да се размислува на сегашноста, ќе видиме што ќе се случува“, изјави Киелини.

Договорот на Киелини со Јувентус има важност до 2023 година и очекувањата се тогаш да стави крај на неговата голема кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…