Дома Фудбал Новата „десетка“ на Барселона утре конечно може да истрча на терен

Новата „десетка“ на Барселона утре конечно може да истрча на терен

Со заминувањето на Лионел Меси од Барселона дресот со број 10 му припадна на 18-годишниот Ансу Фати.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој млад фудбалер доби голема чест да ја носи „10-ката“ на својот грб и со неа за првпат би можел да заигра утре против Леванте. Фати поради тешката повреда на коленото од теренот отсуствуваше дури 10 месеци. Сега е спремен за враќање и ќе добие минутажа против Леванте.

Се очекува 18-годишниот напаѓач да одигра 20-тина минути во овој натпревар и тоа ќе му биде прв натпревар за клубот уште од ноември минатата година кога се повреди против Бетис.

Фати е најмладиот стрелец во историјата на каталонскиот гигант (16 години и 304 дена), а вкупно настапи на 41 натпревар и постигна 13 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елиминација на осум репрезентации од Светското првенство!

Токму сме на средината од завршната рунда на групната фаза од Светскиот фудбалски шампиона…