Дома Фудбал Италија Навивачот кој расистички го навредуваше голманот на Милан: Бев будала, премногу испив

Навивачот кој расистички го навредуваше голманот на Милан: Бев будала, премногу испив

На натпреварот помеѓу Јувентус и Милан изминатиот викенд имаше ситуација во која голманот на Милан Мајк Мањан беше расистички навредуван.

Подоцна беше идентификуван човекот кој го навредуваше чуварот на мрежата на „росонерите“. Станува збор за Давиде Габринели кој го призна лошото однесување и се извини.

„Бев будал, такви работи не сакам ниту јас. Им се извинувам на сите, прво на Мајк Мањан. Не сум расист. Премногу испив, не размислував и направив нешто за кое нема оправдување. Ја прифаќам одговорноста, би сакал да имам можност лично да се сретнеме и да му се извинам“, изјави Габриели.

Инаку, од Јувентус Габриели доби забрана за влез на стадионот во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…