Борусија Дортмунд ова лето успеа да го задржи во своите редови Ерлинг Халанд, но Норвежанецот најверојатно ја игра последната сезона за „милионерите“.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, Халанд на лето ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра, а неколку европските гиганти се спремни да ја платат таа сума.




Раководството на Борусија Дортмунд веќе започна да ја бара замената за Норвежанецот, а прва желба е ѕвездата на Јувентус, Енрико Киеза.




23 годишниот Киеза одигра одлична сезона и блескаше на Европското првенство, па Јувентус ова лето одби богати понуди за него.




Сепак, Дортмунд не се откажува од намерата да го донесе Киеза и спрема богата понуда за Италијанецот.