Вчера Јувентус одигра реми 1:1 со дербито против Милан во рамките од четвртото коло во Серија А и така помина уште еден натпревар без победа на „старата дама“.




Јуветнсу после првите четири кола се уште чека на првата победа и такво нешто во долгата историја му се случувало само четири пати, а последен пат во сезоната 1961/1962.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Во првите четири натпревари Јувентус освои два бода, по еден со Удинезе и Милан, а беше поразен од Емполи и Наполи. Тие два бода се доволни за тимот на Алегри во овој момент да биде на 18-то место на табелата.




Во таа 1961/1962 сезона кога Јувентус последен пат вака стартуваше на крајот заврши како 12-ти, што секако е нешто кое навивачите не го сакаат сезонава. Треба да се спомене и дека вчерашниот натпревар на Јувентус беше 18. во низа во Серија А на кој прима гол.



