Aнглискиот фудбалер од редовите на Челзи, Рис Џејмс објави видео како крадци влегуваат во неговиот дом додека тој го игра натпреварот од Лигата на шампионите против Зенит (1:0).
Фудбалерот го пријавил грабежот, а видеото од надзорните камери на кое се гледаат криминалците го објави на социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Додека играв во Лига на шампионите, група крадци кукавички влезе во мојот дом. Украле лични предмети. Накит немав во домот, во сефот ми стоеа медалите од Лигата на шампионите, Суперкупот и второто место на Еуро“, напиша Џејмс.