Дома Фудбал Од што се изморил Умтити?

Од што се изморил Умтити?

Францускиот дефанзивец Самуел Умтити одби ова лето да ја напушти Барселона.

Каталонскиот клуб се обидуваше да се ослободи од Умтити, понудено му беше раскинување на соработката во договор, но дефанзивецот тоа го одби.

Беше одлучен да остане во Барселона и да се бори за местото во тимот, но сигурно дека ќе му биде тешко затоа што Куман стави до знаење дека нема доверба во него.

Откако почна сезоната Умтити ја „грее“ клупата. Шпанските медиуми утрово објавија дека Умтити не се појавил на денешниот тренинг, а објаснувањето му било бизарно.

Наводно, тој се јавил во клубот и кажал дека се чувствува уморно, не станувало збор за повреда туку само бил уморен. Ова е чудно затоа што сезонава и не играше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ за однесувањето на Де Пол кон Левандовски: Јас ќе го нокаутирав со глава!

Возбудлива беше средбата во MLS помеѓу Чикаго Фајр и Интер Мајами, каде што своите сили ги…