Дома Фудбал Останато Црвена Звезда – Брага: Звезда во поход за европска пролет

Црвена Звезда – Брага: Звезда во поход за европска пролет

Денес започнува првото коло на Лига Европа и Лига на конференции, а посебно внимание привлекува дуелот помеѓу Црвена Звезда и Брага.

Црвена Звезда: Примарна цел е нокаут фаза

Поголем дел од фановите на Црвена Звезда не беа воодушевени што оваа екипа не успеа да стигне макар до пласман во плеј оф за ЛШ бидејќи избраниците на Дејан Станковиќ во третото коло од квалификациите го елиминираа молдавскиот првак Шериф. Како и да е, црвено-белите преку Клуж стигнаа д опласман во второто по квалитет европско натпреварување Лига – Европа и секако дека српскиот шампион ќе направи се за да стигне до вториот последователен пласман во нокаут фазата. Минатата сезона немаа среќа и беа елиминирани од Милан иако прикажаа одлична игра. Кога е во прашање оваа сезона, Црвена Звезда е на второто место на табелата со два бода помалку во однос на второпласираниот Партизан кој помеѓу другото ќе им гостува овој викенд.

Брага: Главен фаворит за првото место во групата


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Брага во минатата сезона заврши на четвртото место на табелата каде што и реално им е местото зад Спортинг, Бенфика и Порто, а тоа им донесе пласман во Лига Европа. Освен тоа, тие го освоија и купот така што успеаа да ја победат фаворизираната Бенфика која повторно имаше лоша сезона. Кога е во прашање овогодинашното издание во португалската Примера во овој момент Брага е на шестото место на табелата и досега оваа екипа изигра пет натпревари во најквалитетниот ранг на португалскиот фудбал и оствари две победи, две реми и само еден пораз. На прв поглед делува дека оваа екипа е главен фаворит за осовјувањето на првото место во групата што секако нема да биде воопшто лесна задача.

Наш предлог

Во претходните години Звезда и Брага се имаат многу пати сретнато во рамките на европските натпреварувања и генерално тоа биле натпревари без многу голови. Затоа како прв предлог ви нудиме 0-2 гола со квота 1.75 во Mozzart.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…