Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп: Самите можеше да си ги искомплицираме работите

Клоп: Самите можеше да си ги искомплицираме работите

Ливерпул и Милан вчера одиграа одлично дерби во Лигата на шампионите, а на крајот славеа „црвените“ со 3:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот Ливерпул одлично го започна, стигна до водство со автоголот на Томори во 9. минута, а пет минути подоцна Мањан му одбрани пенал на Салах. Во самиот финиш од полувремето Милан прво преку Ребиќ изедначи во 42. минута, а потоа Диаз донесе целосен пресврт.

Сепак, Салах и Хендерсон во второто полувреме ја вратија предноста на Ливерпул кој на крајот и славеше.

„Одлично го започнавме натпреварот, игравме супер, со силен интезитет. Не им оставивме да имаат шанса до финишот на полувремето кога бевме казнети за се што пропуштивме. Натпреварот беше одличен и возбудлив. Во последните 15 минути ние ја загубивме иницијативната и не бевме компактни“.

„Самите можеше да си ги искомплицираме работите, но за среќа постигнавме два гола и победивме. По нивните голови ние повторно игравме убав фудбал“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Здодевно, па драма: Јужна Кореја го почести Мексико (Видео)

Фудбалерите на Мексико ја совладаа Јужна Кореја со 1:0 (0:0) во Гвадалахара, во дербито на…