Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс побара од раководството на клубот да биде продаден во следниот преоден рок.
Португалецот падна во втор план кај Диего Симеоне откако пристигна Гризман, па неговата минутажа значително ќе се намали оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Феликс побарал од раководството да биде продаден, а веќе го известил агентот да му бара нов клуб.
Најсилен интерес за него покажува Јувентус, кој е во потрага по играч кој ќе може да го замени Кристиано Роналдо.
„Јорганџиите“ за неговиот трансфер бараат 80 милиони евра, а Јувентус наводно е спремен да ја плати таа сума и сака да се договори со Атлетико да биде платена на повеќе рати.
Жоао Феликс во 2019 година пристигна во Атлетико за рекорден трансфер од 127 милиони евра.