Дома Фудбал Италија Мурињо: Денес сум подобар тренер од претходно

Мурињо: Денес сум подобар тренер од претходно

Mногумина сметаат дека Жозе Мурињо претходно беше многу подобар тренер, но Португалецот тврди дека е поинаку.

Мурињо од ова лето е на клупата на Рома, а сите се сеќаваат на неговите успеси во Порто, Интер, Челзи…Во последните години можеби нема големи резултати, но Жозе тврди дека е подобар од претходно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова не е проект на Фриедкин, или Тијаго Пинто, ова не е проект и на Мурињо, ова е проект на Рома. Ги познавам навивачите тука, го познавам градот, па ако мислите дека ова е проект во кој ќе дојдам денес, а ќе победувам веќе од утре се лажете. Ова е проект со кој сопствениците сакаат да остават трага, сакаат да направат нешто важно за клубот кое ќе трае со години. Сакаме Рома да има успеси во иднина“

„Сега сум многу подобар тренер од претходно. Сериозен сум. Чувствувам дека се развивав затоа што во нашата работа искуството е многу важно“, изјави Жозе.

Португалецот добро ја започна епизодата во Рома. Се избори за место во групната фаза од Конференциската лига, а во Серија А има две победи со гол разлика 7:1. „Волчицата“ прво славеше со 3:1 со Фиорентина на „Олимпико“, па со убедливо 4:0 ја совлада Салернитана на гости.

Следниот натпревар Рома го игра против Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изгледаше дека се е завршено, а сега Рагник го шокираше Баерн

Иако се најавуваше дека преговорите одат во добра насока, сепак, Рафл Рагник нема да биде …