Дома Фудбал Репрезентации Саудгејт не направи ниту една измена, Англичаните го критикуваат

Саудгејт не направи ниту една измена, Англичаните го критикуваат

Репрезентацијата на Англија одигра само 1:1 во квалификациите за Светското првенство против Полска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот Герет Саудгејт после овој меч се најде на удар на англиската јавност затоа што не направил ниту една замена, такво нешто Англичаните не паметат во претходните 25 години.

Одлуката на Саудгејт посебно изненадува затоа што во овој момент селекторите имаат дозвола да направат пет измени.

„Знаев дека мојата одлука ќе се коментира. Но, има причина зошто се одлучив на такво нешто. Доминиравме и ја контролиравме играта, мислев дека ако променам нешто ритамот ќе се наруши. Зошто да смениме нешто ако изгледаме добро на теренот?“ – изјави Саудгејт.

Меѓутоа Англија и по ова реми е сигурна на првата позиција со четири бода повеќе од Албанија и пет во однос на Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни…