Денеска во Агенцијата за млади и спорт директорот Наумче Мојсовки одржа прес конференција на која најави неколку значајни капитални проекти кои се од големо значење за граѓанитњ, посебно за младите луѓе, спортистите и сите љубители на спортот.
Директорот информираше дека веќе шест пливачки базени се започнати во 2020 година, а за четири во тек е тендерска документација со рок на изведба од 18 месеци. Станува збор за базени со димензии со должина од 25 метри и ширина од 9 метри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Известуваме дека во иста фаза на изградба се базените во основното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски во општина Ѓорче Петров,општина Кисела Вода, во основното училиште Невена Георгиева – Дуња, и во Штип во Спортскиот рекреативен центар Суитлак каде се поставени челични конструкции и фасадни панели, а во моментот се работи на внатрешно уредување. Се монтираат фасадни панели на базенот во општина Кичево со локација во кругот на училиштето „Санде Штерјоски“ и детската градинка „Ластовички.
На базенот во Битола во Основното училиште „Даме Груев , во моментот се работи на зајакнување на металната конструкција по што следува монтирање на фасадните панели.
Во завршна фаза е и затворениот базен во Тетово каде по монтирањето на термална пумпа истиот наскоро ќе биде готов и целосно во функција.
Четири базени за коишто е отпочната тендерската постапка се во општините Карпош,Чаир,Струмица и Кавадарци.
Ова се исклучително значајни проекти за враќање на полниот сјај на спортот.
“За базенот во Струга, веќе е во тек тендерската постапапка, по чиешто заокружување на законските рокови, ќе започне долго очекуваната реконструкција на овој струшки базен во кој се одржани многу натпревари во ватерполо и пливање и беше место каде многу млади луѓе како спорт го избраа пливањето токму поради овој базен. Конечно дојде време, базенот во Струга да го врати стариот сјај и повторно да биде атракција за стружани“ – истакна директорот Мојсовски
Уште еден многу значаен проект посебно за карпошани и Скопје е спортската сала Партизан за која директорот истакна:
“ Во оваа прилика би сакал да ве информирам дека Агенцијата за млади и спорт е посветена и за возобновување и реконструкција на спорстката сала Партизан, во општина Карпош, за што е и распишана тендерска постапка.
Партизан е симбол за спорт на карпошани ние се обврзуваме да го вратиме сјајот на партизан, некогашната култна спортска сала ќе ги живее повторно убавите мигови на спортот.Од оваа сала се излезени и прославени голем број на спортисти а веруваме дека тоа ќе продолжи и понатаму”, рече Мојсовски.
Агенцијата, која е куќа на спортот , но и дом на младите луѓе, континуирано вложува во објекти и проекти кои се од клучно значење за подобри услови на младите луѓе и на спортистите, со цел да го вратиме високото ниво на спортските активности, натпревари и рекреација во салите, игралиштата и базените што го одбележале детството и младоста на повеќе генерации.