Ансу Фати се опорави од повредата, работи со полна пареа после 10 месеци, но Барселона нема да брза со неговото враќање.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Извори од Каталонија денес објавија дека Ансу Фати ќе го пропушти уште гостувањето во Севиља и дербито со Баерн во Лигата на шампионите, а ќе се врати на 20. септември кога Барселона ќе игра против Гранада.
Лекарскиот тим на Барселона сака Фати постепено да се враќа во натпреварите со помал интезитет, а не во дерби средби како со Севиља и Баерн.
Се очекува после Гранда да има поголема минутажа против Кадиз, Леванте и Бенфика.
Ќе потсетиме, Ансу Фати е надвор од терените уште од ноември минатата година кога доживеа тешка повреда на коленото. Мораше да оди на три операции затоа и Барселона не сака да ризикува со него во тешките натпревари после репрезентативната пауза.