Еден од најталентираните фудбалери во светот, Едуардо Камавинга првиот гол како играч на Реал Мадрид го постигна против Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2023 година.
Камавинга е предводник на младинската репрезентација на Франција, а неодамна се пресели во Реал Мадрид за 31 милион евра од Рен.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Не постои фудбалер кој не сака да игра за Реал Мадрид. За мене ова е остварување на сонот. Многу сум среќен. Секој сака да биде и дел од најсилниот национален тим, но мора да одите чекор по чекор. Сега ќе одам до Рен да се спакувам, а потоа заминувам за Мадрид“, вели Камавинга.