Дома Фудбал Останато Директор на Барселона: Гризман би го менувале и за Пајо Паторот

Директор на Барселона: Гризман би го менувале и за Пајо Паторот

Во последните минути од преодниот рок бевме сведоци на вистинска драма. Се реализираа три големи трансфери кои зависеа еден од друг.

Гризман се врати во Атлетико, Саул од Атлетико премина во Челзи, а Барселона го доведе Лук Де Јонг од Севиља на местото на Французинот. Барселона катастрофално помина гледајќи ја финансиски ситуацијата со Гризман – го купија за 120, а го пуштија за 10 на позајмица и обврска за откуп за 40 милиони, што значи максимално ќе вратат 50 милиони евра.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Од Барселона прво била побарана размена со Жоа Феликс, но во Атлетико одбиле таква опција. Сепак, во каталонскиот клуб биле цврсто решение да се ослободат од Гризман.

Колку Барселона сакаше да се ослободи најдобро покажуваат зборовите на еден од директорите на Барселона. Каталонски „Спорт“ не го открива името на директорот, но го цитира: „Би го менувале Гризман и за Пајо Паторот!“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Младиот Јамал испиша историја, постави нов рекорд на ЕП

Шпанија денеска ќе го отвори настапот на Европското првенство против Хрватска, а селекторо…