Дома Фудбал Клоп откри зошто Ливерпул не трошеше летово

Клоп откри зошто Ливерпул не трошеше летово

Ливерпул ова лето не беше многу активен на трансфер пазарот, а сега Јирген Клоп ја откри причината.

„Црвените“ го донесоа Ибрахима Конате од Лајпциг на почетокот на летото, а потоа се насочи кон продолжување на договорите на клучните фудбалери.

„Сите гледаат во списокот од минатата сезона каде имавме многу повредени играчи. Играчите се опоравија и сега имаме 25 играчи подготвени да ги исполниме барањата на тренинзите и на теренот“,, истакна Клоп.

„Вративме неколку играчи од позајмица што се покажа како одличен потег. Се договоривме за Конате порано, како поддршка на Ван Дијк и Матип кои се опоравуваа од повредите. Немаше потреба да се купуваат играчи, нашиот медицински тим направи одлично работа“,  додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо ќе почека за новиот дом: Роковите за Крањчевиќева се поместија

Преселбата во март 2027 година веќе не е реална. Главниот проектант очекува стадионот да б…