Дома Македонски спорт Барди: Кога ќе добиеме повик едвај чекаме да дојдеме тука, ова е семејство во кое сите сме важни

Барди: Кога ќе добиеме повик едвај чекаме да дојдеме тука, ова е семејство во кое сите сме важни

Репрезентацијата ги одработува подготовките за следните три натпревари против Ерменија, Исланд и Романија.

Пред медиумите денес покрај повратникот Јаховиќ, зборуваше и Енис Барди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Чест ми е што сум дел од оваа репрезентација и за другарството кое го имаме тука. Секогаш кога ќе добиеме повик, едвај чекаме да дојдеме тука. Дел од нас доста години се заедно, 90% сме истите играчи. Добро се познаваме и знаеме што направивме низ изминатите години додека сме тука. Клучните играчи сме сите, нема тука поединци. Ова е едно семејство во кое сите сме важни. Така треба да мислиме и понатаму. Се што помина мора да оставиме зад нас и да живееме во моментов. Ерменија има многу добра репрезентација, со овој селектор променија доста работи во тимот. Но, ние ќе се фокусираме на нашата работа и што треба ние да правиме како и секогаш. Секој меч е многу важен и тежок да се победи, поразлично ништо не треба да дадеме, ние го знаеме нашиот квалитет и кои сме, само тоа да го покажеме на терен и да ги исполниме задачите на селекторот“, изјави Барди.

Македонија натпреварот со Ерменија го игра во четврток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…