Дома Топ вести Сити испраќа последна понуда за Хари Кејн

Сити испраќа последна понуда за Хари Кејн

Манчестер Сити ќе испрати последна понуда за голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн, до крајот на оваа недела, пренесуваат медиумите на Островот.

Ставот на претседателот на „спарси“ не е променет и тој нема намера да го продаде Кејн за помалку од 150 милиони фунти.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меѓутоа, „граѓаните“ не се откажуваат од намерата и спремаат нова, последна понуда за ангажман на голгетерот.

Медиумите не посочуваат каква ќе биде последната понуда на Сити, но истакнуваат дека ќе биде многу блиску до бараните 150 милиони фунти.

Самиот Кејн притиска да му биде дозволен трансфер на „Етихад“, па останува да видиме каков ќе биде одговорот на Тотенхем на последната понуда од Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…