Главна цел на Интер за нападот беше Маркус Турам од Борусија Мехенгладбах, но напаѓачот го повреди коленото на влерашниот дуел против Леверкузен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сега „нероаѕурите“ ќе се насочат кон напаѓачот на Лацио, Хоаким Кореа, кој е голема желба на тренерот Инзаги.
Лацио потврди дека Кореа побарал трансфер и дека преговорите со Интер се започнати, а за неговата слобода бара 30 милиони евра.
Интер ќе се обиде да ја намали таа сума и да го комплетира трансферот за 25 милиони евра, пренесува „Скај Спорт“.