Дома Фудбал Германија Салихамиџиќ и Кан во Париз по засилување за Баерн

Салихамиџиќ и Кан во Париз по засилување за Баерн

Челниците на Баерн, Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан преговараат со ПСЖ за можен трансфер на германскиот фудбалер Тило Керер.

Како што пренесува Л’Екип, Баерн е сериозно заинтересиран за услугите на 24-годишниот дефанзивец и ќе се обиде да го донесе во Минхен до крајот на преодниот рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Салихамиџиќ и Кан минатиот петок имаа состанок со менаџерот на германскиот фудбалер. Состанокот беше позитивен, а играчот искажа спремност да дојде во Минхен.

Баерн за услугите на овој фудбалер ќе понуди 12 милиони евра и тоа би требало да биде цифра која ќе ги задоволи Парижаните.

Керер професионалната кариера ја започна во Шалке. Член е на ПСЖ од 2018. година, а беше донесен за 37 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…