Дома Топ вести Постигнат договор: Локатели го засилува Јувентус

Постигнат договор: Локатели го засилува Јувентус

Јувентус и Сасуоло конечно постигнаа договор за трансфер на Мануел Локатели, пренесуваат италијанските медиуми.

Локатели беше примарна трансфер цел на Јувентус и двата клува веќе два месеци водеа преговори, а сега кончено постигнаа договор за трансферот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Старата дама“ за италијанскиот репрезентативец ќе плати 35 милиони евра, но сумата ќе ја плаќа во наредните пет години по 7 милиони евра.

Локатели веќе одамна има постигнато договор со „бјанконерите“ и наскоро ќе потпише петгодиешен договор според кој ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Се очекува во текот на утрешниот ден Локатели да пристигне во Торино на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…