Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе денес ќе има клучен состанок со претседателот Насер Ал Келаифи на кој ќе се одлучува за неговата иднина.
Француските медиуми утрово објавија дека Мбапе ја одбил последната понуда на „светците“ за продолжување на договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ставот на ПСЖ беше дека тие нема да го продадат Мбапе дури и по цена тој да замине како слободен играч по крајот на сезоната.
Мбапе побарал средба со претседателот на која ќе му ја соопшти својата желба да се пресели во Реал Мадрид, кој пак е спремен да понуди 150 милиони евра за неговиот потпис.
Сега одлуката е на ПСЖ, или ќе го пушти ова лето, или следното Мбапе ќе замине како слободен агент.