Дома Македонски спорт Мак ракомет И девојките до 17 години се изборија за полуфинале во ЕХФ шампионатот!

И девојките до 17 години се изборија за полуфинале во ЕХФ шампионатот!

Како машката до 19 години, така и женската репрезентација до 17 години обезбеди полуфинале на ЕХФ шампионатот после драматичната победа со 21:20 против Финска. Со оваа победа нашите девојки го осовија второт место во групата и се пласираа помеѓу најдобрите четири.

Натпреварот се решаваше во самата завршница, ние прво на 20:20 успеавме да се одбраниме, а потоа со гол да стигнеме до важната победа.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Претходно ги победивме Косово и Литванија, а загубивме од Шпанија, па завршиме како второпласирани. Со втората позиција одиме на меч со Полска која беше прва во групата Б.

Најефикасна беше Ризоска со шест гола, Дукоска постигна пет, Гронмарк и Фоли со по четири беа најрасположени кај Финска.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…