Македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ би можел да направи нов трансфер во турскиот фудбал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според последните информации од турските медиуми интерес за Јаховиќ покажала Бурсаспор. Како што се пишува Бурса доставила понуда за трансфер на Јаховиќ. Понудата до Јаховиќ била едногодишен договор со опција истиот да биде продолжен на уште една.
Гецтепе за услугите на Јаховиќ бара оштета од 600.000 евра.
И лани Јаховиќ се поврзуваше со Бурса, но до тој трансфер не дојде. Во минатата сезона за Гецтепе Јаховиќ постигна девет гола и подели две асистенции на 36 натпревари.
