Дома Македонски спорт Мак фудбал Влахо по победата со Борец: Три бода на стартот е одличен начин да се отвори сезоната

Влахо по победата со Борец: Три бода на стартот е одличен начин да се отвори сезоната

Работнички со победа ја отвори новата сезона во Првата фудбалска лига. На арената „Тодор Проески“ гостуваше Борец, а нашиот тим славеше со 1-0, со голот на Александар Ристевски во 30.минута.

Шефот на стручниот штаб Александар Влахо е задоволен од освоените три бода, вели дека тоа е одличен старт на новиот шампионат. Триумфот е остварен со максимално залагање на фудбалерите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога ќе се оствари  победа на првиот првенствен натпревар и ќе се освојат три бода, тоа секако е одличен старт на сезоната. Сакам да им честитам на фудбалерите за големата пожртвуваност и исцрпувачките напори на жешкото време. Во првото полувреме прикажаа допадлива игра, а во вториот дел умееја да ја сочуваат минималната предност. Задоволен сум од тимот во целина, иако треба уште многу да се работи затоа што направивме неколку промени ова лето. Александар Ристевски и Александар Позњак одлично се вклопија во одбраната, покажавме цврстина, но и желба за надигрување преку Тодоровски, Тантуровски, Ристовски. И сите останати го следеа нивниот ритам. Честитки и за Борец, одлично парираа, тоа е цврст тим кој тешко се пробива и има квалитетни фудбалери. Сега ќе се фокусираме на следното коло и натпреварот во Струмица против Академија Пандев“, вели Александар Влахо.

Овој натпревар ќе се игра под рефлектори во 20 часот, претстојниот викенд.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…