Лионел Меси е слободен фудбалер откако му истече договорот со Барселона, а Аргентинецот на прес-конференција и се збогуваше со Каталонците.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона соопшти дека не може да го регистрира Меси поради финансиските проблеми. Веднаш потоа на големо почна да се најавува негов трансфер во ПСЖ. Меѓутоа можен ли е пресврт?
Шпанската „Ла Портериа ТВ“ излезе со информација дека Меси и Барселона изминатата ноќ во два часот имале состанок.
At this very moment, Leo Messi is negotiating with Barcelona.
— Barça Universal (@BarcaUniversal) August 10, 2021
— @ESPNArgentina pic.twitter.com/yBVdmN4Riq
Се пренесува дека ова е не значи дека Меси ќе остане, но Барселона изгледа ги прави последните напори за пресврт во целата ситуација. Истата информација доби на значење кога беше пренесена и од познатата „Кадена Сер“. Наводно, Барселона пронашла некој начин и сега во исто време се преговара и со Меси, но се во комуникација и со Ла Лига.
За текот на денешниот ден најавени се нови преговори, останува да видиме…