Дома Фудбал Што се случува? Зошто Меси се уште не патува за Париз?

Што се случува? Зошто Меси се уште не патува за Париз?

Лео Меси после 20 години ја напушта Барселона и како што стојат работите оваа недела ќе стане нов член на француски ПСЖ.

Откако во четвртокот беше најавено дека Меси нема да ја продолжи соработката со Барселона, ПСЖ веднаш се активираше и испрати понуда до Аргентинецот.

Пристигнувањето на Меси во Париз се очекуваше денеска. Стотина навивачи се собраа аеродромот за да го пречекаат, но на крајот тој не се појави во главниот град на Франција.

Причина зошто Меси сеуште не ја напушта Каталонија е едноставна. Лео не сака да патува додека сите детали не бидат договорени, а кога ќе се случи тоа со првиот авион ќе замине за Париз.

Што се однесува до преговорите помеѓу двете страни за сега се тече според планот и се договараат последните детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски го оспори пеналот, Македонија со прекинат голгетерски пост чека поправен

Столе Димитриевски смета дека спорната пенал-ситуација можела да биде пресудена поинаку. П…