Дома Фудбал Лоши вести за Барселона: Агуеро го пропушта стартот на сезоната?

Лоши вести за Барселона: Агуеро го пропушта стартот на сезоната?

После потврдата за заминувањето на Лионел Меси навивачите на Барселона добија нови лоши вести.

Серхио Агуеро потврди дека нема да си замине, но утрово голем дел од шпанските медиуми пишуваат дека тој е повреден и наводно нема да биде на располагање на тренерот Куман во наредните два месеци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Агуеро во Барселона дојде од Сити и чека на своето деби, но како што стојат работите ќе го пропушти стартот на сезоната.

Ќе потсетиме, Барселона вчера во натпреварот за „Жоан Гампер“ купот го победи Јувентус со убедливи 3:0. Гол на овој натпревар постигна и Мемфис Депај од кого навивачите очекуваат да биде и најголемо засилување за новата сезона, можеби и лидер на теренот сега кога го нема Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…